ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА 34 ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО ДРЖАВАТА

Министерството за здравство информира дека на ден 06.08.2019 година на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) почната е постапка за јавна набавка на градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Република Северна Македонија.

Со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, Министерството иницира активност за подобрување на условите во здравствените домови и другите објекти од здравството на Република Северна Македонија.

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува јавна набавка за градежно-занаетчиски услуги кои ќе опфатат:

– Комплетно молерисување на сите внатрешни простори со материјали и бои кои се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење;

– Поправка и репарирање внатрешни врати и прозорци;

– Замена на ѕидни и подни плочки и замена на галанетрија во тоалети;

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува и јавна набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.

Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница.

Ги повикуваме сите заинтересирани економски оператори кои имаат интерес за учество да ја погледнат целокупната документација во Електронскиот систем за јавни набавки.

Линкови:

Share This Article :

Related Posts