ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ВО 10 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ, СЛЕДУВА ПОДОБРУВАЊЕ И ВО ДРУГИ 34 ЈЗУ

Министерството за здравство максимално е вложено кон подобрување на условите за престој на пациентите во болница, како и за враќање на достоинството на сите здравствени работници.

За првпат, Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија овозможија секој млад лекар да се ангажира во системот на јавно здравство.

Со измената на Законот за здравствена заштита, секој лекар со завршен лекарски стаж и лиценца за работа, се вклучува во системот на Здравствените домови.

Распишани беа два јавни повика за шест месечна работа за патронажни сестри и лекари. Сите 290 заинтересирани и пријавени кандидати во периодот што следува почнуваат со работа.

За првпат, оваа Влада обезбеди средства и за приватните специјализанти, кои сега земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

За 2 години, вкупниот број на согласности за вработување изнесува 5000.

Зголемени се платите на здравствените работници. 15% на докторите специјалисти и 10% на медицинските сестри. Зголемени се платите и на останатите здравствени работници, а исто така значително се зголемени и коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа.

Планот за следната година е платите на лекарите специјалисти да изнесуваат 100 илјади денари.

Со сите овие мерки, вложуваме во човечкиот капитал, за здравствените работници да бидат задоволни и мотивирани во својата работа. Да ги задржиме во нашата земја.

Покрај вложувањето во нив, Министерството за здравство ги подобрува и условите во јавно-здравствените установи.

За првпат по четири децении реновирани се двете гинеколошки операциони сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“.

Хируршките сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се комплетно реновирани.

Реновирани се одделенијата и на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, Универзитетската клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, како и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија.

Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот Дом во Битола и во Велес се комплетно обновени.

Пуштени се во употреба новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово, кој е изграден од темел, како и Кардиоваскуланиот центар во Градската општа болница „8 Септември“.

Пуштено во употреба е и новото одделение за акутни состојби во Психијатриска болница-Негорци, а во моментов се гради нова, современа хируршка сала во Општата болница со проширена дејност Гевгелија.

Во тек е изградбата на новата Клиничка болница во Штип, како и реконтрукцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара градска болница) и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Во периодот што следува подобрување на уште 34 јавни здравствени установи кои ќе бидат опфатени со активности за реновирање и подобрување на општите услови за работа.

Министерството за здравство продолжува со вистинска грижа и за пациентите и за здравствените работници.

Share This Article :

Related Posts