ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО ПРОДОЛЖУВА ДА ВАЖИ ДО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВРЕМЕНИТЕ МЕРКИ

Министерството за здравство информира дека согласно уредбата со законска сила донесена од Владата на Република Северна Македонија, породилното отсуство продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот COVID-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата.

Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата.

Отсуството од работа на работничката поради бременост, раѓање и/или посвојување продолжува до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба.

Share This Article :

Related Posts