ПОСЕТА НА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО РЕСЕН И ОТЕШЕВО

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев денеска ги посети Здравствениот дом во Ресен и Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања–Отешево.

На средбата со раководството и стручниот колегиум во Отешево се разговараше за актуелните проблеми, пред сè од инфраструктурен аспект, и во таа насока државниот секретар најави дека е планирана реконструкција на овој објект која треба да започне во септември годинава и да се реализира во следните две години.

Во Здравствениот дом во Ресен, д-р Милошев оствари работна средба со стручниот колегиум, на која стана збор за актуелните состојби во оваа здравствена установа, како и можностите за подобрување на условите за работа и лекување. 

 

Share This Article :

Related Posts