ПОСЕТА НА КБ ШТИП И БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со државниот секретар д-р Владимир Милошев ја посетија Клиничката болница во Штип и Општата болница во Кочани.

Во рамки на посетата на КБ Штип, министерот изврши увид во изградбата на новиот објект и потенцираше дека новата болница ќе биде завршена и опремена во текот на 2018 година, а во 2019 година ќе биде пуштена во употреба.
Истакна дека штипската клиничка болница има квалитетен стручен кадар, кои можат да одговорат на предизвиците и на воведување на нови методи, а воедно оваа болница како регионален центар опслужува над 200 илјади грагани од 11 општини во Источна Македонија и има доволен капацитет за обезбедување на неопходните здравствени услуги за граѓаните во овој регион.
Министерот направи обиколка и на кочанската болница и заедно со менаџментот на оваа ЈЗУ разговараа за унапредување на условите како за пациентите, така и за персоналот.
Воедно, министерот најави дека со исплатата на мартовската плата, лекарите специјалисти и медицинските сестри ќе добијат покачување на паушалите за дежурства.

Сподели на:

Related Posts