ПОТВРДЕНИ 46 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА ВО ЗЕМЈАТА Е 663 ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

     Скопје – 273
        Куманово – 143
        Дебар – 49
        Штип-20
        Прилеп –46
        Тетово – 30
        Струга – 30
        Велес – 18
        Битола –8
        Охрид –3
        Кавадарци – 3
        Гостивар –4
        Гевглелија – 4
        Струмица – 2
        Крива Паланка-3
        Радовиш – 4
        Крушево – 3
        Кочани – 19
        Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571  тестирања на Ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Сподели на:

Related Posts