ПОЧНА КАМПАЊАТА „ПРАЗНУВАЈ ОДГОВОРНО“ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИЦИТЕ

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија од денеска почнуваат кампања „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на Ковид-19.

Министерството за здравство, уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени со Ковид-19, токму поради славењето во затворен простор.
На сите треба да ни е јасно дека во претстојниот период носиме одговорност за своето но и здравјето и животите на најблиските.

Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките кои се изречени се следните:

– Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи- Се забранува групирање на јавен простор  на повеќе од 4 лица.- Се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од 4 лица.- Граѓаните доколку немаат потреба да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека – здравјето не.

#ПразнувајОдговорно🔗vlada.mk/node/23563—-

Сподели на:

Related Posts