Продолжува имплементацијата на Стратегијата за превенција на оралните заболувања кај децата

Mинистерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на манифестација „Здрави заби, блескава насмевка“, која се одржа во ОУ „Петар Поп Аросов“,  каде посочи дека анализата од десетгодишната Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст покажала одлични резултати и дека поради таа причина, слична Стратегија ќе биде имплементирана и во наредните десет години.

На манифестацијата беше наведено дека резултатите од анализата на Стратегијата, со која беа опфатени 93 отсто од децата до 14-годишна возраст во Република Македонија, покажале дека просекот на бројот на кариозни заби кај таа група во 2007 година, кога е започната Стратегијата, изнесувал 6,8, додека во 2017 година, при завршувањето на Стратегијата тој просек изнесувал 1,9.

Министерот Филипче истакна дека заклучно со 2017 година заврши имплементацијата на 10-годишната Стратегија за унапредување на оралното здравје што покажа одлични резултати, кои беа промовирани како во регионот, така и во останатите европски земји, како и дека врзоснова на тие резултати изработена е и нова Стратегија која ќе продолжи да се имплементира од оваа година во следните 1о години.

Тој посочи дека Министерството за здравство спроведувањето на Стратегијата го извршува во координација со Стоматолошкиот факултет и Стоматолошката комора, како и сите превентивни тимови кои работат во Здравствените домови во Македонија.

Share This Article :

Related Posts