Проект „Добредојде бебе“

Денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го промовираме проектот „Добредојде бебе“. Со овој проект, родителите нема веќе да чекаат на шалтери, туку изводот на матични книги ќе го добијат во рок од 48 часа, за време на престојот во породилиштето. Проектот стартува од понеделник (24 јули) во породилиштата во Скопје, додека од 1 септември услугата ќе биде достапна во сите 18 породилишта во Македонија. – Добредојде бебе е една од првите новини на системот МојТермин, кој постепено ќе се надградува со нови содржини, со цел да се олеснат и забрзаат постојните процеси, а со тоа да се олесни комуникацијата меѓу докторите и пациентите. Се надеваме дека со оваа новина ќе им помогнеме на новите родители да уживаат во моментите на новороденчето, место да чекаат по шалтери

Сподели на:

Related Posts

Остави коментар