ПРОЕКТОТ „ДОБРЕДОЈДЕ БЕБЕ“ ДОСТАПЕН ВО СИТЕ ПОРОДИЛИШТА ВО ДРЖАВАТА

Заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, заедно со директорот на Управата за водење матични книги на РМ, Ѓоко Котевски и со претставници од МојТермин денеска ја посетија Општа болница Куманово по повод дисперзија на проектот „Добредојде бебе“ во породилиштата во цела држава, со што младите родители во сите 17 породилишта во држават имаат можност изводот на своето бебе да го добијат уште додека мајката е во породилиштето.

-На мајките им се нуди можност, во рок од 48 часа, пред да бидат испишани од породилното одделение да добијат извод од матичната книга на родените. Услов е да се приложат личните карти на двајцата родители, кои треба да имаат одредено име на детето. За таа цел, тим од МојТермин, во изминатиот период ги посети сите породилишта во државата, беа одржани повеќе обуки за вработените и во практика се тестираше издавањето извод за родители кои тоа го сакаат, изјави за медиумите д-р Чакаровски.

Инаку, новината за добивање извод на родени уште во породилиште беше промовирана пред две недели во Скопје и досега се издадени вкупно – 91 извод на новородени, на жени породени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) и во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. На клиниката за гинекологија, од вкупно 466 новороденчиња, услугата ја искористиле 33 родители, а во СБ Чаир од вкупно 391 новороденчиња, во породилиштето извод добиле 58 новороденчиња.
Министерството за здравство, ова новина ја реализира во соработка со Управата за електронско здравство МојТермин, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда-Управа за водење матични книги.

Со оваа новина се олеснува постапката за издавање извод на родени и се овозможува родителите да не одат по шалтери во институциите, туку при исписот од породилиште да си го добијат изводот од матичната книга на родените за своето дете, доколку изразат желба и ако за тоа ја имаат потребна документација.

Share This Article :

Related Posts