Протокол за ургентна тријажа

protokol_trijazaЦелта на тријажа на пациентите во ургентните центри (УЦ) е да се изврши соодветна селекција и да се даде приоритет на оние пациенти кои не се во состојба да чекаат. Притоа, се прави кратка, фокусирана проценка и се одредува соодветно ниво, кое отприлика одговара на времето за кое пациентот безбедено може да почека за преглед и третман. Во 2008г.,  ургентните центри во САД ги посетиле вкупно 123,8 милиони жители. Од нив 18% биле проследени во тек на 15 минути, додека поголемиот број на пациенти биле оставени да чекаат.

Институтот за Медицина  во 2006г., во САД објави извештај во кој се опишува лошата состојбата  во повеќето ургенти центри, која на дневна база се влошува.Прi тоа потребно е да се нагласи дека колку пациентите подолго престојуваат во чекалните на УЦ, дотолку прецизноста на тријажното ниво станува покритична.Недоволно опсежната тријажа ги става пациентите во ризична сотојба со зголемување на можност за влошување на состојбата  ,додека прекумерната тријажа води до некритична употреба на ресурси и ја лимитира употребата на слободните легла за пациенти кои навистина имаат потреба од ургентен третман.Истовремено,употребата на унифициран систем на тријажа на ургентните пациенти овозможува валидни информации ,кои ќе дадат увид во работата на ургентните центри и ќе дадат одговор на многу важни прашања.

Во последната деценија во светот постои тендеција за стандардизација на скалите за тријажа на акутноста на пациентите во пет нивоа (пр.1 ниво-ресусцитација,2 ниво- итни случаи, 3-ургентни, 4-помалку ургентни, 5-неургентни).

ИУ системот како тријажна скала од пет нивоа е развиена од страна на двајца лекари во еден од ургентните центри во САД,Richard Wuerzи David Etel- 1999/2000г.

Главниот принцип на ургентиот тријажен систем бил замислен како инструмент преку кој ќе се олесни приоритизацијата на пациентите базирана на ургентноста на третманот потребен за нивната состојбата.ИУ системот претставува нов концептуален модел на ургентна тријажа, при која освен прашањето „кој од пациентите треба да биде прегледан прв„, истовремено се земаат во предвид потребните ресурси за да се дојде до крајниот исход(прием на пациентот, испуштање или трансфер).

Основаната цел на ИУ системот е да се донесе вистинскиот пациент до вистинските ресурси во вистинско време и место.

Системот е имплементиран од страна на многу болници и универзитети во САД. Еден од бенефитите од неговата имплементација претставува брзата идентификација на пациентите кои имаат потреба од итна обработка.ИУ тријажата се состои од рапидно сортирање на пациентите во пет групи со клинички сигнификантни разлики во потребните ресурси, и следствено потребните средства за манипулација. Употребата на овој систем за таа цел овозможува побрз проток на пациенти низ УЦ. На пример, пациентите од ниво 1 и 2 се подлегнуваат на рапидна евалуација и третман, додека пациентите со понизок степен на акутност може безбедно да почекаат.Секако  имплементацијата овозможува полесна употреба на добиените информации во ургентните центри за секундарна употреба  и секако би го олеснило надзорот на јавното здравство и истражувањата.

Протокол за ургентна тријажа

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар