РАБОТНА ПОСЕТА НА ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА БАРДОВЦИ

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса, денеска ја посети Психијатриската болница Бардовци и одржа работен состанок со раководството на оваа јавна здравствена установа.   
Во рамки на посетата, заменик министерот изврши увид во новоизградените простории, каде ќе бидат сместени две нови одделенија. Врз основа на извршениот увид, утврден е инвентарот кој е потребно да се набави за овие одделенија, и во Министерството веќе се подготвува документацијата за набавка на потребниот инвентар за ставање во употреба на новите одделенија.
Воедно, во рамки на посетата, заменик министерот беше информиран за актуелните состојби во установата и изрази поддршка за заедничко унапредување на условите за лекување во оваа установа.

Zëvendës Ministri i Shëndetësisë, d-r Asim Musa, sot e vizitoi spitalin psihiatrik të Bardovcit dhe zhvilloi takim pune me udhëheqësin e këtij institucioni shëndetësor.
Në kuadër të vizitës, zv. ministri inspektoi ndërtimin e dy reparteve të reja. Në bazë të inspektimit u përcaktua  edhe nevoja për furnizim me inventar për këto dy reparte, ku tash më në Ministri përgaditet dokumetacion për paisje me inventar për këto dy reparte me qëllim të vënies në përdorim.
Gjithashtu në kuadër të vizitës, zëvendës ministri u informua për gjendjen aktuale të institucionit dhe shprehu mbështetje se bashkërisht do ti përmisojmë kushtet për mjekim në këtë institucion. 

Share This Article :

Related Posts