РАБОТНА СРЕДБА СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска одржа работна средба со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.
На средбата стана збор за сеопфатна и подолгорочна стратегија за справување со аерозагадувањето, со координиран интерсекторски пристап. Работните средбите со министерството за животна средина ќе продолжат и во иднина, со цел континуирана координација за клучните прашања, со посебен акцент на активностите за унапредување на заштитата на животната средина и здравјето на населението.

Share This Article :

Related Posts