МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОДРЖА РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СОЈУЗ НА ДИЈАБЕТИЧАРИ И АСОЦИЈАЦИЈА НА ДЕТСКИ ДИЈАБЕТЕС „БАЛАНСМК“

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со претседателот на Сојузот на дијабетичари на Република Северна Македонија, Бојан Киров и претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес „БалансМК“, Нашата Деспотовска-Димитриевска.

Минатата година, Министерството за здравство воведе три нови типови инсулин, кои се најнова генерација на лекови, од кои еден е наменет за децата – тресиба. Дополнително, набавени се и 10 инсулински пумпи.

До крајот на оваа недела ќе пристигнат сензорни мерачи за континуирано мерење гликемија во крвта, а веднаш по изборниот процес ќе бидат набавени сензорни мерачи за сите деца со тип 1 дијабетес. Со ова, значително ќе се олесни состојбата на децата. Распределбата на сензорните мерачи ќе се одвива по препорака на докторите ендокринилози од Клиниката за детски болести.

Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови е загарантиран квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет. Во моментов, има доволно количини од сите видови инсулин.

Share This Article :

Related Posts