Ранг листа по јавен оглас за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина и здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година – 3 оглас

grb-na-rm

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Врз основа на член 9 од Правилникот за начинот на бодирање за селекција на здравствените работници и здравствените соработници кои не се вработени во јавна здравствена установа и се пријавиле на јавен оглас за запишување на кофинансирана приватна специјализација, а во согласност со Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/16, 65/16 и 121/16), се изврши бодирање и согласно бодирањето од кандидатите пријавени на Јавниот оглас за запишување на кофинансирана приватна специјализација бр.10-5773/2 , објавен на 02.07.2016 год, беше составена следната

РАНГ ЛИСТА (Линк до ранг листа)

Оваа ранг листа се објавува на огласната табла и веб страната на Министерството за здравство.

Незадоволните кандидати имаат право на увид во сопствената документација од спроведеното полагање во рок од седум дена од денот на објавувањето на оваа ранг листа.

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар