РЕАКЦИЈА ДО ПОРТАЛОТ А1ОН

Во однос на објавениот текст на порталот А1.он со наслов: Државата тестирањето го плаќа три до четри пати поскапо од приватните болници. https://a1on.mk/macedonia/drzhavata-testiranjeto-za-koronavirus-go-plakja-tri-do-chetiri-pati-poskapo-od-privatnite-bolnici/ Министерството за Здравство сака да ја информира јавноста за следното.

Цената на набавката за тестовите е 1200 денари од тест. Министерството ги набави овие тестови во регуларна јавна набавка по нормална пазарна цена. Сумата од 4950 е цена по која Фондот за Здравство од Институтот, односно Центарот за јавно здравје ја купува услугата земање брис, во која цена се вградени и платите на луѓето и сите други трошоци на институтот како одржување на опрема и сл. За пресметка на оваа цена има јасна методологија по таканаречени Дијагностички сродни групи – ДСГ (DRG method) која се пресметува вредноста на услугата во фондот. И по оваа методологија се пресметуваат сите услуги кои ги плаќа Фондот ги купува од јавно здравствените установи обезбедувајќи бесплатно здравство за граѓаните.

Сподели на:

Related Posts