РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ХИВ/СИДА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска учествуваше на Регионалниот форум за одржливост на здравствените услуги за лица со ХИВ и туберкулоза, на кој присуствуваше и Аида Куртовиќ, претседавач на управниот одбор на Глобалниот фонд за борба против ХИВ/сида, туберкулоза и маларија.

Во рамки на форумот, министерот истакна дека за Владата на Република Македонија приоритет е националното финансирање за превенција, дијагностика, третман, грижа и услуги за поддршка меѓу клучните популации за ХИВ програмата. Македонија е една од ретките земји во светот кои беа финансирани од Глобалниот Фонд, а потоа превентивните програми ги презема и финансира од националниот буџет.

Во овој процес, граѓанските организации се клучни партнери на Министерството во националниот надзор за одржување на ниската стапка на ХИВ и туберкулоза во државата, дури и кај популациите што се изложени на најголем ризик од ХИВ. Досега Министерството за здравство објави два повици 2017 и 2018 година, за избор на граѓанските организации со што го започна механизмот на државно финансирање на граѓански организации кои спроведуваат ХИВ превентивни услуги за клучните популации.

За тековната година, Министерството за здравство подготви и детална Национална програма за ХИВ со главен фокус на клучните популации.

Воедно, на форумот беше потенцирано дека Република Македонија ќе биде домаќин на 39. состанок на Одборот на Глобалниот фонд во Скопје, кој ќе се одржи на 9 и 10 мај 2018 година.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021