РЕГИСТРИРАНИ 1.031 НОВ СЛУЧАЈ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 112.107, ОЗДРАВЕНИ 241 ПАЦИЕНТ, ПОЧИНАТИ 20 ЛИЦA

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нов случај со КОВИД-19 во: Скопје – 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 241 оздравен пациент од:Скопје – 152, Гевгелија – 20, Велес – 15, Куманово – 14, Гостивар – 13, Битола – 9, Штип – 6, Ресен – 4, Валандово – 3, Струмица – 2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по едно лице.

Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 до 93 години и тоа: девет пациенти од Скопје, три лица од Прилеп, Велес и Битола – по двајца починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 4.373 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-109, Авицена-403, Биотек-364, Жан Митрев (Филип Втори)-193, Систина-337, лабораторија Лаор–437, Судска медицина-46, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-158, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.399, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ „8 Септември“-0.

Во земјата, досега, се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641 лице.

Сподели на:

Related Posts