РЕГИСТРИРАНИ 104 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 86597, ОЗДРАВЕНИ 539 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 13 ЛИЦA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2.

Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти од: Скопје-283, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-36, Тетово-7,  Струга-31, Велес-7, Битола-17,  Охрид-50, Кавадарци-25, Гостивар-9, Гевгелија-6, Струмица-6, Крива Паланка-3, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-4, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-5, Неготино-11.

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86597, бројката на оздравени пациенти е 67992, на починати е 2635, а бројот на активни случаи изнесува 15970. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 37515, активни 9794• Куманово 4890, активни 466• Дебар 683, активни 136• Штип 3382, активни 183• Прилеп 4383, активни 357• Тетово 4875, активни 693• Струга 2094, активни 204• Велес 2868, активни 382• Битола 3113, активни 376• Охрид 2564, активни 399• Кавадарци 2289, активни 478• Гостивар 3455, активни 424• Гевгелија 1217, активни 212 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2390, активни 432• Крива Паланка 676, активни 102• Радовиш 649, активни 74• Крушево 174, активни 23• Кочани 1656, активни 164• Пробиштип 462, активни 31• Демир Хисар 238, активни 29• Македонски Брод 230, активни 13• Пехчево 165, активни 22• Берово 543, активни 64• Валандово 319, активни 32• Виница 466, активни 65• Делчево 683, активни 204 (187 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 201, активни 14• Свети Николе 1052, активни 65• Кичево 1612, активни 174• Ресен 669, активни 114• Неготино 1084, активни 244 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 918 теста се преку: ИЈЗ-168, ЦЈЗ Скопје-83,  Авицена-0, Биотек-94, МАНУ -72,  Жан Митрев (Филип Втори)-208, Систина со PCR метода -243, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -49, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на Ковид -19.

Сподели на:

Related Posts