РЕГИСТРИРАНИ 106 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 84129, ОЗДРАВЕНИ 603 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 20 ЛИЦA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирање, а регистрирани се 106 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје-72, Куманово-4,  Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.
Институтот за јавно здравје регистрира 603  оздравени пациенти од: Скопје-230, Куманово-24, Дебар-5,  Штип-18, Прилеп-51,  Тетово-8,  Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-11, Струмица-8, Радовиш-8, Кочани-10, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-7, Берово-4, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-20.

Починати се 20 лица, од кои четири пациенти се од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047. Од вчерашната статистика се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 36375, активни 10757 • Куманово 4775, активни 473 • Дебар 641, активни 114 • Штип 3316, активни 208 • Прилеп 4261, активни 462 • Тетово 4788, активни 810 • Струга 2062, активни 296 • Велес 2780, активни 443 • Битола 3053, активни 485 • Охрид 2468, активни 463 • Кавадарци 2163, активни 487 • Гостивар 3402, активни 506 • Гевгелија 1177, активни 266 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 202 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 2326, активни 588 • Крива Паланка 635, активни 121 • Радовиш 626, активни 99 • Крушево 167, активни 73 • Кочани 1609, активни 193 • Пробиштип 450, активни 35 • Демир Хисар 237, активни 35 • Македонски Брод 220, активни 23 • Пехчево 156, активни 25 • Берово 503, активни 46 • Валандово 313, активни 50 • Виница 448, активни 60 • Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 193, активни 12 • Свети Николе 1043, активни 82 • Кичево 1578, активни 203 • Ресен 654, активни 140 • Неготино 1039, активни 286 (165 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 761 тест се преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-45,  Авицена-0, Биотек-15, МАНУ -54,  Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -274, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-0, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -61, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на КОВИД -19.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021