РЕГИСТРИРАНИ 1120 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 69452, ОЗДРАВЕНИ 916 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 28 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-507, Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Охрид-49, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, Неготино-16.  

Институтот за јавно здравје регистрираше 916 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-52, Дебар-4, Штип-42, Прилеп-61,  Тетово-35, Струга-29, Велес-41, Битола-79, Охрид-36, Кавадарци-24, Гостивар-62, Гевгелија-15, Струмица-24, Крива Паланка-12, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Пехчево-3, Берово-10, Валандово-3, Виница-10, Кратово-2, Свети Николе-14, Кичево-39, Ресен-2 и Неготино-26.

Починати се 28 лица, седум пациенти од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г), еден од Куманово (71г), еден од Штип (81г), пет пациенти од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 75г), еден од Битола (45г), еден од Охрид (77г), еден од Кавадарци (71г), двајца од Гостивар (51 и 49г), еден од Гевгелија (72г), двајца од Струмица (56 и 80г), еден од Делчево (65г), еден од Ресен (53г) и еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69452, бројката на оздравени пациенти е 45621, на починати е 1977, а бројот на активни случаи изнесува 21854. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 30085, активни 10969• Куманово 4097, активни 657• Дебар 504, активни 119• Штип 2926, активни 494• Прилеп 3435, активни 974• Тетово 4182, активни 1007• Струга 1669, активни 453• Велес 2268, активни 701• Битола 2462, активни 906• Охрид 1870, активни 567• Кавадарци 1510, активни 577• Гостивар 2920, активни 929• Гевгелија 848, активни 258 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 148 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1895, активни 595• Крива Паланка 493, активни 135• Радовиш 484, активни 127• Крушево 148, активни 78• Кочани 1349, активни 254• Пробиштип 390, активни 83• Демир Хисар 212, активни 58• Македонски Брод 186, активни 40• Пехчево 114, активни 20• Берово 439, активни 122• Валандово 236, активни 54• Виница 404, активни 134• Делчево 562, активни 284 (162 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 172, активни 47• Свети Николе 920, активни 204• Кичево 1387, активни 431• Ресен 536, активни 212• Неготино 747, активни 365 (110 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 2993 теста се преку: ИЈЗ-523, ЦЈЗ Скопје-87,  Авицена-295, Биотек-318, МАНУ -240,  Жан Митрев (Филип Втори)-258, Систина со PCR метода -80, лабораторија Лаор –80, Судска медицина-23, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-48, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -907, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 352.735 тестирања на Ковид -19.

Сподели на:

Related Posts