РЕГИСТРИРАНИ 324 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 153.461, ОЗДРАВЕНИ 1.178, ПОЧИНАТИ 26 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи со КОВИД-19 во: Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од:Скопје – 575, Куманово – 76, Прилеп и Кавадарци – по 54, Битола – 53, Велес – 43, Тетово – 40, Штип – 36, Крушево – 27, Гостивар – 26, Гевгелија и Неготино – по 18, Кочани – 17, Кичево – 14, Струмица – 13, Охрид – 12, Виница и Ресен – по 11, Демир Хисар – 10, Берово и Македонски Брод – 9, Струга – 8, Свети Николе и Делчево – по 7, Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Пехчево – 3, Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран – по еден случај.

Пријавени се вкупно 26 починати лица: осум од Скопје (52г, 59г, 63г, 66г, 71г, 77г, 80г и 83г), по двајца починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по едно починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Направени се 2.660 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-15, Институт за микробиологија–75, МАНУ-105, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-232, Биотек-525, Систина-142, лабораторија Лаор-138, Синлаб-31, Ремедика-38, Плодност–27, Генеа–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 689 теста. Во земјата, досега, се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874 лица.

Сподели на:

Related Posts