РЕГИСТРИРАНИ 347 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 97.803, ОЗДРАВЕНИ 168 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 7 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1 случај.

Регистрирани се 168 оздравени пациенти од: Скопје – 110,  Куманово и Прилеп – по 7, Кавадарци – 6, Тетово и Крива Паланка – по 5, Гостивар, Велес и Неготино – по 4, Битола и Гевгелија – по 3, Штип и Радовиш – по 2, Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран – по 1 оздравен пациент.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г)  и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Направени се 2383 тестови преку: ИЈЗ-479, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-260, Биотек-253, Жан Митрев (Филип Втори)-111, Систина-190, лабораторија Лаор–147, МАНУ-52, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-57, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 630, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, лаборатории од странство-0.

Во земјата досега се направени вкупно 492.374 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324 лица.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 42746, активни 2810Куманово 5400, активни 243Тетово 5295, активни 220Прилеп 4918, активни 359Гостивар 3710, активни 114Штип 3584, активни 90Битола 3331, активни 126Велес 3306, активни 236Охрид 3067, активни 385Кавадарци 3000, активни 435Струмица 2631, активни 146Струга 2327, активни 165Кочани 1774, активни 49Кичево 1751, активни 66Свети Николе 1100, активни 24Гевгелија 1088, активни 103Неготино 1061, активни 97Дебар 781, активни 38Ресен 781,активни 64Крива Паланка 769, активни 41Радовиш 741, активни 43Делчево 707, активни 220Берово 624, активни 30Пробиштип 523, активни 19Виница 507, активни 25Валандово 343, активни 16Демир Хисар 256, активни 11Кратово 254, активни 26Македонски Брод 251, активни 10Крушево 246, активни 50Богданци 233, активни 10Демир Капија 227, активни 33Македонска Каменица 193, активни 5Пехчево 183, активни 3Дојран 95, активни 12 лица.

Сподели на:

Related Posts