РЕГИСТРИРАНИ 357 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 78305, ОЗДРАВЕНИ 689 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 18 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-132, Куманово-15, Дебар-4, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-14, Струга-9, Велес-4, Битола-18, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-8, Гевгелија-18, Струмица-18, Крива Паланка-5, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-5, Валандово-1, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-8, Ресен-8, Неготино-6.  

Институтот за јавно здравје регистрираше 689 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-36, Штип-40, Прилеп-43,  Тетово-27,  Струга-37, Велес-40, Битола-39, Охрид-34, Кавадарци-23, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Валандово-2, Виница-1, Кратово-2, Свети Николе-7, Кичево-3, Ресен-3 и Неготино-16.

Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78305, бројката на оздравени пациенти е 54034, на починати е 2292, а бројот на активни случаи изнесува 21979. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 33779,  активни 11822• Куманово 4463, активни 600• Дебар 590, активни 175• Штип 3188, активни 383• Прилеп 3931, активни 854• Тетово 4602, активни 997• Струга 1905, активни 410• Велес 2599, активни 616• Битола 2866, активни 805• Охрид 2215, активни 632• Кавадарци 1880, активни 629• Гостивар 3229, активни 698• Гевгелија 1053 активни 328 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 178 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2160, активни 636• Крива Паланка 567, активни 135• Радовиш 577, активни 139• Крушево 155, активни 70• Кочани 1519, активни 274• Пробиштип 428, активни 65• Демир Хисар 227, активни 44• Македонски Брод 209, активни 33• Пехчево 128, активни 21• Берово 468, активни 96• Валандово 275, активни 59• Виница 427, активни 103• Делчево 642, активни 290 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 181, активни 24• Свети Николе 1010, активни 157• Кичево 1509, активни 335• Ресен 600, активни 173• Неготино 923, активни 376 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 1387 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-35,  Авицена-220, Биотек-130, МАНУ -113,  Жан Митрев (Филип Втори)-84, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-18, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -59, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 380.616 тестирања на Ковид -19.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021