РЕГИСТРИРАНИ 415 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 98.584, ОЗДРАВЕНИ СЕ 244 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 19 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци –  32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 244 оздравени пациенти од:Скопје – 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово – по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2, Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 19 починати лица. Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември.

Починати се 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Направени се 2.549 тестови преку: ИЈЗ-685, ЦЈЗ Скопје-61, Авицена-275, Биотек-261, Жан Митрев (Филип Втори)-139, Систина-213, лабораторија Лаор–202, МАНУ-0, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-10, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-57, Ремедика-15, лабораторија болница Козле-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 594, УК пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.

Сподели на:

Related Posts