РЕГИСТРИРАНИ 46 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 83789, ОЗДРАВЕНИ 526 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 12 ЛИЦA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-22, Куманово-2,  Прилеп-1, Тетово-1, Струга-7, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-3, Македонски Брод-1, Ресен-1, Неготино-1.  
Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-13,  Штип-7, Прилеп-39,  Тетово-12, Струга-3, Велес-4, Битола-9, Охрид-33, Кавадарци-41, Гостивар-9, Гевгелија-4, Струмица-16, Крива Паланка-3, Кочани-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-2 и Неготино-17.

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица  (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 36173, активни 11009• Куманово 4756, активни 509• Дебар 640, активни 125• Штип 3311, активни 230• Прилеп 4248, активни 529• Тетово 4778, активни 830• Струга 2052, активни 316• Велес 2777, активни 474• Битола 3048, активни 530• Охрид 2455, активни 506• Кавадарци 2148, активни 527• Гостивар 3397, активни 536• Гевгелија 1170, активни 282 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2316, активни 597• Крива Паланка 631, активни 122• Радовиш 625, активни 111• Крушево 167, активни 74• Кочани 1605, активни 209• Пробиштип 449, активни 39• Демир Хисар 236, активни 37• Македонски Брод 220, активни 26• Пехчево 156, активни 32• Берово 501, активни 48• Валандово 314, активни 57• Виница 447, активни 61• Делчево 671, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 16• Свети Николе 1043, активни 89• Кичево 1577, активни 217• Ресен 652, активни 143• Неготино 1033, активни 311 (161 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 378 теста се преку: ИЈЗ-106, ЦЈЗ Скопје-0,  Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0,  Жан Митрев (Филип Втори)-75, Систина со PCR метода -155, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -40, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на Ковид -19.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021