РЕГИСТРИРАНИ 708 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 126.938, ОЗДРАВЕНИ 11 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ 33 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.
Регистрирани се 11 оздравени пациенти (ова не е целосната бројка на оздравени лица во изминатите 24 часа,поради апдејтирање на софтверот, вкупниот број на оздравени од изминатото деноноќие ќе биде прикажан во утрешната статистика) од:Тетово – 3, Скопје и Штип – по 2, Велес, Битола, Кочани и Пробиштип – по едно лице.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: осум пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по четворица пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), тројца пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по двајца пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г). Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови.

Направени се 2.763 тестови преку: ИЈЗ-738, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-99, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-30, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Авицена-356, Биотек-304, Систина-340, лабораторија Лаор–341, Синлаб-34, Ремедика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 281. Во земјата, досега, се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907 лица.

Сподели на:

Related Posts