РЕГИСТРИРАНИ СЕ 457 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 119.828 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 700 ПАЦИЕНТИ– ПОЧИНАТИ СЕ 30 ЛИЦА

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.
Регистрирани се 700 оздравени пациенти од:Скопје – 291, Кавадарци – 52, Неготино – 42, Охрид – 38, Велес – 36, Прилеп – 35, Куманово – 26, Крива Паланка – 25, Гостивар – 23, Гевгелија – 18, Битола – 15, Струга – 14, Струмица – 13, Кочани – 11, Богданци – 10, Тетово – 8, Берово – 7, Штип ,Радовиш и Демир Капија – по 5, Пробиштип и Валандово – по 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Демир Хисар – 2, Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Направени се 1.682 тестови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-157, Авицена-0, Биотек-163, Систина-286, лабораторија Лаор–0, Синлаб-38, Ремедика-0 ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 331.
Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

Сподели на:

Related Posts