СЕ ИСТРАЖУВА СЛУЧАЈОТ СО ВЕЛЕШАНКАТА, СЕ ВКЛУЧУВААТ ПОВЕЌЕ ИНСТИТУЦИИ

По наодот дека починатата велешанка е позитивна на коронавирус, која со својот син беше пронајдена мртва пред два дена, Министерството ја проширува истрагата во која се вклучуваат повеќе институции.

Денес во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус.

Што се однесува до останатите првични информации за случајот, засега се знае само дека жената била сигурно почината повеќе од една недела.

Резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната  недела, треба да откријат во кој период таа починала. Информациите кои вчера ги пренесоа дел од медиумите дека биле починати повеќе од еден месец не се точни и се чекаат конечните анализи.

Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје. За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка.

Share This Article :

Related Posts