ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постојните  вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Почнувајќи од 12 јули (понеделник) ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk

Здравствените домови до петок треба да изготват план за теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, исто така ќе се ревакцинираат на терен.

Сподели на:

Related Posts