СЕКОЈ ДЕНАР ОД ЗДРАВСТВЕНИОТ БУЏЕТ Е ПОТРОШЕН ВО ИНТЕРЕС НА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ И ТРЕТМАН НА ДЕЦАТА

Министерството за здравство, најостро реагира до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на членот на ИК, Игор Николов. Сите искажани наводи се невистинити.

Имено, не станува збор за никаков договор со ниту една приватна установа, туку за ангажирање на доктори на Клиниката за детски болести во Скопје.

Ангажирани се д-р Христо Сивачев и д-р Цветко Георгиев, кои работат и обучуваат тим од детска хирургија во областа на тешки неонатални аномалии на дигестивен тракт и белодробни аномалии, досега тие интервенираа кај повеќе од 40 деца.

Д-р Радоје Симич, експерт за операции кај деца со вродени васкуларни  и лимфатични аномалии, досега интервенираше кај 25 деца и направи повеќе од 70 прегледи. Сите деца третирани и прегледани од овие лекари се во добра здравствена состојба.

Со оваа програма, најголем бенефит имаат децата и нивните родители, кои наместо во странство, дома добиваат врвна експертиза и третман, но и тимот од декста хирургија кој се обучува преку оваа програма.

За овие операции во странство би се потрошиле повеќе од 400 000 евра. Само за пример, ги посочуваме двете тешки операции кои се направени кај деца кои имале тешки оштетувања на хранопровод поради корозија, кои во странство би чинеле околу 900.000 денари за секое дете.

Според превентивната програма, објавена во Службен весник за 2019 година, предвидени се 10 милиони 930 илјади денари за образовни и договорни услуги за тимовите на интензивна хируршка нега на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје, за зафати и третман кој не се за кардиоваскуларни болести кај децата.

Донесовме врвна експертиза во јавните здравствени институции со цел да ги обучиме наши лекари и да го подобриме капацитетот на јавното здравство само така во континуитет ќе го зајакннеме јавното здравство, достапно за сите.

Министерството за здравство, стои на располагање на јавноста и на ВМРО-ДПМНЕ, отворено е за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на пациентите.

Сподели на:

Related Posts