Сектор за нормативно – правни и управни работи

Секторот за нормативно – правни  и управни работи подготвува нацрти на закони и подзаконски акти од областа на здравството, проучува прописи од областа на здравството; подготвува анализи, информации, извештаи и мислења; разменува информации, мислења и искуства во соработка со другите органи на управата и води управни постапки за основање и статусни промени на здравствените установи. Секторот  е организиран со следните одделенија:

Одделение за нормативно-правни работи (подготвува закони, подзаконски акти, информации и анализи за одредени состојби во областа на здравството и предлага мислења и активности, дава мислења и објаснувања за непосредна примена на прописите од областа на здравството, подготвува анализи, информации, извештаи и мислења во спроведувањето на прописите);

Одделение за управни работи (води постапка за основање, промена и проширување на дејноста и други статусни промени на здравствени установи, организира утврдување на исполнувањето на потребните услови  по однос на просторот, опремата и кадарот за здравствените установи, води и други управни постапки утврдени со Закон).

Share This Article :

Related Posts