Што сработивме досега?

Во првите 50 дена Министерството за здравство, под лидерство на д-р Арбен Таравари, се фокусираше на развој на стратешки план за системски решенија на постојните проблеми и предизвици во македонското здравство.

• МОЈ Термин – договоривме средби за поширок дијалог и изнаоѓање заеднички оптимални решенија. Се работи за унапредување на системот, во однос на зголемување должина на прегледот, како и активности за растоварување на терциерното здравство, каде треба да се праќаат најкомплицираните случаи, а останатите да се лекуваат на примарно, односно секундарно ниво.

• Промовирана е услугата- ДОБРЕДОЈДЕ БЕБЕ, која им овозможува на родителите да добијат извод од матична книга на родени за само два дена, додека сѐ уште се во родилиштето.

• Во моментов се работи и на нова услуга со која ќе се поедностави и издавањето посмртница.

• Со тимот на МОЈ Термин се работи и на апликација за трансплантација, која ќе овозможи полесен пристап до базата на можни органодарители и ќе го симплифицира процесот на трансплатација во Македонија.

• По речиси четири години, Министерството за здравство, конечно и успешно го затвори неуспешниот проект за трансплатација на минатата администрација. Осумте семејства кои се согласија на донација на органи
на нивните блиски добија благодарници и потврда за извршена трансплатација.

• Во тек се измени на Законот за здравствена заштита, веќе е направена работна група од правни експерти и се во тек секојдневни контакти со претставници од стручните здруженија.

• Во тек е постапка за изготвување измени и дополнувања на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на доктори по медицина.

• Отворена и активно функционира телефонска линија преку мобилните апликации Viber и WhatsApp (#ЗдравоТаравари).

• Креирана е интегрирана комуникациска стратегија, со која им се понудени решенија и услуги на над 2.500 граѓани.

• Изработена е кампања ТВОЈ ДОКТОР, со цел пошироката јавност да се запознае повеќе со работата на докторите, со цел да се подобри комуникацијата меѓу пациентите и лекарите.

• Пратено е известување до сите ЈЗУ да се изјаснат што им недостига во однос на апаратура, кадар, и што не се користи од постојната опрема.

• Пратено е известување до сите ЈЗУ за поефикасно користење на буџетските средства и зголемена е контролата на трошоци во сите ЈЗУ.

• Во тек се преговори со Лекарска комора за можност најдобрите студенти од Медицински факултет да се вработат веднаш по завршување на студиите.

• Работиме на тоа докторите специјализанти да бидат платени

• Формирана е работна група за измени во законот за здравствена заштита.

• Формирана е работна група за измени во законот за паралелен увоз на лекови

• Секојдневно се организираат посети на претставници на Министерството на клучните болници и клиники во Македонија, со цел подобро идентификување на проблемите, како и размена на искуства за побрзо
совладување на постојните предизвици.

• Изработуваме регистар за малигни заболување и поголема транспарентност на сите регистри за болести, кои ќе бидат јавни и секој кој има потреба ќе види колку пациенти има со дијабетес, малигни заболувања
и други болести.

• Во изминатите 50 дена, министерот и претставници на Министерството за здравство остварија средби со сите здруженија во Македонија и се формирани работни групи за подобра координација и комуникација со
граѓанските здруженија од областа на здравството.

• Се изборивме да не се затворат сервисите за поддршка на лицата со ХИВ, корисниците на дроги, сексуалните работници и другите маргинализирани заедници.

• Министерот Таравари присуствуваше на регионален состанок за елиминација на хепатитис во Хрватска и имаше историска чест постепено и полека да почне процесот за елиминација на овие заболувања и во нашата земја, со што првпат ќе овозможиме пристап до соодветна терапија и дијагностика со можност за изработка Национален акциски план за елиминација до 2030 година.

• Министерството за здравство, во моментов работи на првата Национална стратегија за хепатит во историјата на Македонија.

• Во тек е ревизија на договорот за клинички центар, со цел да изградиме Клинички центар, според врвни светски стандарди со повеќе влезови, паркинг, меѓусебно поврзани клиники, како што препорачуваат стручните лица и инженери специјализирани во оваа област.

• Направена е cost-benefit анализа како ќе изгледа спојувањето на сите клиники во еден Клинички центар.

• Остварена се средби со сите клучни амбасадори во земјата и регионот (САД, Кина, Израел, Турција) за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот сектор, во насока на подигнување на
квалитетот на здравствените услуги.

• Остварени средби со клучните партнери на Министерството за здравство како Унифец, УНХЦР и УНФПА.

• Остварена е и стратешка средба со претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права. На средбата се разговараше за заедничка соработка и координиран пристап во решавање на актуелните прашања во
здравството, особено во делот на унапредување на правата на пациентите.

• Одржана е и работна средба за запознавање и дефинирање на приоритетите за двегодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација. На средбата беа презентирани досега реализираните заеднички активности, процесот за изготвување стратешки документи, како и координација на натамошната соработка.

• По повеќе од 10 години е решен проблемот со гинеколог во Шуто Оризари, а во моментов се работи и на пронаоѓање на гинеколог кој ќе работи во Општина Арачиново.

• Направени се преку 10 ненајавени инспекции, предвидено е да се изврши надзор во сите универзитетски клиники, како и во други јавни здравствени установи низ државата. Целта е одблиску да се увиди
состојбата во установите и да се донесат конкретни мерки, доколку се воочат определени недостатоци.

• Организирана е првата акција, по речиси две години, за чистење на просторот меѓу клиниките во кругот на Клиничкиот центар.

• На иницијатива на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, и во договор со Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје донесена е одлука за намалување на цената на менингококната вакцина
за лицата кои одат на аџилак, од 2400 на 1000 денари.

• Назначени се нови директори и внимателно се работи на стратегија за разрешување и именување на директори во сите ЈЗУ.

• Одржана е работна средба на тема цистична фиброза и решен е долгогодишен проблем околу соработката помеѓу центарот за Цистична фиброза и Клиниката за детски болести.

• Министерството одржува редовна работна средба со Лекарската комора на Македонија, како една од најважните институции во областа и стратешки партнер во реформите на Министерството.

Сподели на:

Related Posts

Остави коментар