Со целосната имплементација на Е-рецепт најголем бенефит имаат граѓаните

Министерството за здравство сака да ја извести јавноста во Република Македонија дека денеска успешно стартуваше системот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“ и тоа во делот на електронско упатување со закажување и Е-рецепт. 
Во текот на денешниот ден се забележани неколку маргинални проблеми со истиот, и за истите би сакале да им се извиниме на сите оние кои поради овие недостатоци имале непријатности во реализацијата на нивните потреби и истите ги реализирале со потешкотии или не успеале воопшто.
Министерството би сакало да потенцира дека ова е прв и единствен засега ваков огромен систем, кој се имплементирал во кој било здравствен систем воопшто. Денеска имавме максимален број на реализирани разменети податоци, над 1.500.000 податоци што претставува убедливо најголем број разменети податоци во единствен систем во историјата на Република
Македонија. Проблемите коишто беа детектирани најмногу се должат на неусогласеноста и неоптимизираноста на програмските пакети коишто ги користат лекарите од примарна здравствена заштита со софтверот на Министерството. Поради ова, денеска во 18 часот е свикан итен состанок со сите програмерски куќи со цел надминување на овие проблеми. Сакаме да потенцираме дека за време на тест периодот до денешниот ден системот функционираше беспрекорно, но за да можеме да ја имаме вистинската слика за потребите и успешноста на системот, мораше во реално време да се имплементира, при што целиот здравствен систем мораше да го користи истовремено.
Ова не е можно да се направи лабораториски и виртуелно, туку само на начин како што беше спроведено. Поради тоа, денешниот ден ќе го сметаме како пилот фаза од која ќе се исцрпат сите проблеми коишто треба да ги решиме. Од утре работата ќе продолжи, како и до вчера, односно на тест основа, а повтор
но системот ќе се стави во продукција на 01. август, до кога сите недостатоци треба да бидат отстранети.
Уште еднаш сакаме да потенцираме дека со целосната имплементација на овој систем најголем бенефит ќе имаат граѓаните кои ќе бидат ослободени од бирократските процедури и намалување на потребните печатени документи и времето на чекање. Систем кој трајно и на многу револуционерен и уникатен начин ќе го реши проблемот со гужвите и турканиците во здравствените установи и ќе го сведе на минимум времето на чекање во здравствените установи. Систем кој овозможува максимално почитување на времето на пациентот и избегнување на непотребното губење време во чекалните.
Сподели на:

Related Posts