СО ПРОГРАМАТА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ТОЧНО ПРЕЦИЗИРАН ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТ ЗА ТИМОВИТЕ ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на одбележувањето на Европскиот ден на органодарителство, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН. 

-Министерството за здравство секоја година изготвува годишна Програма за трансплантација, со цел дополнително унапредување и евалуација на системот за трансплантација, како и подигнување на свесноста кај граѓаните за значењето и придобивките од органодарителството. Годинава за реализирање на активностите од оваа програма се наменети шест милиони денари. Исто така, Министерството изготвува и посебна Програма за обезбедување на трошоците за болни, кои се третираат со дијализа, која изнесува седум милиони денари, потенцираше министерот Филипче.

Во Програмата за трансплантација е точно прецизиран паричниот надомест за тимовите за трансплантација, односно за секое лице кое учествува во трансплантацијата и за секоја извршена трансплантација, што претставува дополнителна стимулација за тимовите кои пожртвувано и со максимални напори работат на спасување човечки животи.

Од почетокот на годинава веќе успешно се извршени четири кадаверични трансплантации, а во континуитет се вршат и трансплантации на бубрези од жив донор.

-За потсетување, минатата година успешно е извршена првата несродна трансплатација на матични хематопоетски клетки. Тоа е револуционерен чекор на јавното здравство во нашата држава, кое сега е дел од светските и европски медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Исто така, во јануари годинава успешно се изведе и првата несродна трансплантација кај 13 годишно момче со апластична анемија, истакна министерот. 

Европскиот ден на органодарителството традиционално се одбележува во земјите членки на Европската Унија, со цел подигнување на свесноста за органодарителството. 

Share This Article :

Related Posts