СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА СО ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА ТЕСТОВИ И РЕАГЕНСИ ЗА БИОХЕМИСКИ, ИМУНОЛОШКИ, ХЕМАТОЛОШКИ, КОАГУЛАЦИОНИ И ГАСНИ АНАЛИЗИ

Почитувани,

На 16.07.2018 во 13.00 часот се отвори тендерот за набавка на Тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на Јавните здравствени установи во РМ со  оглас бр. 16/2018, во законски рок, а  до крајниот рок за поднесување на понуди пристигната е само една понуда. На јавното отврање беа присутни претставници од Центарот за граѓански комуникации и надворешни претставници од фирмите.

Од причина што станува збор за три-годишна јавна набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи и проценетата вредност за истото е висока.

Министерството за здравство ќе ја разгледа понудата со целокупната документација во законски одредениот рок. Во моментов постапката е во фаза на евалуација и сеуште не е спроведена електронска аукција.

Целата постапка беше отворена за јавноста и процесот беше транспарентен.

Во однос на шпекулациите дека е доделен договорот на една фирма, истите ги демантираме, од причина што во текот на април (кој се спомнува во јавноста) беше спроведен технички дијалог согласно одредбите од Законот за јавни набавки. По техничкиот дијалог, сите економски оператори кои го искористија правото да дадат забелешки по тендерската документација и поднесоа приговори, во законски одреден рок добија записник и корегирана тендерска документација со сите извршени корекции и измени.

 

 

Share This Article :

Related Posts