СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ДО 12 ЧАСОТ: РЕГИСТРИРАНИ 29 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА-ВКУПНО 177 ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје – 108
– Дебар (41) – 1 починат
– Куманово (11) – 1 починат
– Штип (7)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Охрид  (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)

Share This Article :

Related Posts