СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ВО ЗЕМЈАТА ДО 16.00 ЧАСОТ – 6 НОВИ ЗАБОЛЕНИ, БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ Е 48

Министерството за здравство информира дека до 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус.

Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите.

Сподели на:

Related Posts