СОВЕТИ: КОВИД-19 И БРЕМЕНОСТА

Министерството за здравство, во соработка со УНФПА и ХЕРА изготви препораки и брошура на македонски и на албански јазик за антенатална и интерпартална грижа, во услови на Ковид-19 и бременост.

Брошурата е наменета за трудници со совети за одржување на своето здравје и превенција од овој вирус, кои се симптомите на коронавирусот, што доколку се заразат со Ковид-19, дали трудниците се во поголем ризик од останатите, дали вирусот може да се пренесе на нивното бебе и други корисни информации.

Изготвени се и нови препораки наменети за здравствените работници за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со Ковид-19, со цел нивно правилно информирање и соодветно следење во текот на бременоста, како и во постпарталниот период. Тука има корисни совети за превенција на ширењето на инфекцијата со коронавирусот, како и оптимизација на прегледите на бремените жени за да не се изгубат придобивките од редовните антенатални контроли, а по потреба да се намали нивниот број и да се обезбеди превенција од заразување на пациентката со болеста КОВИД-19.

Во рамки на препораките се вклучени и неколку алгоритми за олеснета прегледност на постапките, кои треба да се преземат кај пациентките суспектни или со потврдена инфекција со коронавирусот, и тоа во тек на антенаталните контроли, тријажа на пациентки со симптоми за КОВИД-19, хоспитализација на ризични пациентки, начин на завршување на породувањето и постпородилниот период.

Повеќе информации може да добиете на следните линкови:

– Брошура за бремени жени и коронавирус
македонски јазик –  http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/2.0-MKD-Broshura-za-bremeni-zheni-KOVID-19.pdf

 и албански јазик –  http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/2.1-ALB-Broshura-za-bremeni-zheni-KOVID-19.pdf

– КОВИД-19 и бременост
македонски јазик – http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/1.-MKD-Vremeni-preporaki-KOVID-19-.pdf

албански јазик –  http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/1.1-ALB-Vremeni-preporaki-KOVID-19.pdf

Share This Article :

Related Posts