СОВЕТУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ

Од 09 до 11.11.2017 година во Хотел „Дрим“ Струга се одржа 34-то советување – обука на вработените од здравството, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и други во организација на Здружението на правниците од здравството на Република Македонија.

Согласно програмата на советувањето, советувањето беше отворено со излагањето на дипл.правник м-р Михајло Костовски, советник во Министерството за здравство кој говореше за појавите на нееднаквостите во пристапот до здравствената заштита, и мерките кои треба да се превземат за нивното сузбивање, преку примерот на двете највулнерабилни групи на корисници на здравствената заштита – лицата со инвалидност и припадниците на ромската заедница.

Во продолжение тој ја презентираше и работата како и предизвиците со кои се среќава Министерството за здравство во улога на второстепен орган, надлежен да донесува одлуки по жалби и пресуди за правата и обврските на осигурените лица кои произлегуват од Законот за здравственото осигурување а кои се во надлежност на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Притоа, дипл.правник м-р Лирим Кадриу, советник во кабинетот на министерот, изложи одредени согледувања со кои се среќава второстепениот орган во практичната примена на одредбите од новиот Закон за општата управна постапка.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021