Rikonstruktim dhe rinovimin e ISHP

Ова е  најголемиот проект во здравството во историјата на независна Република Македонија, со кој целосно ќе се преуреди и ќе се реновира надворешната и внатрешната инфраструктура во 41 јавна здравствена установа.

Во претходните четири години започна првата фаза на проектот за реконструкција и доградба на болниците во износ од 100 милиони евра, најголема инвестиција во здравствената инфраструктура во последните 20 години.

Подготвена е  физибилити-студија и обезбедени се  средства од Банката за развој при Советот на Европа, и веќе се започнати градежните работи на 17 објекти.

Проектот ќе се одвива во четири фази, а рокот за завршување е 2014 година. Резултатите се веќе видливи! Во реновирање на здравствените домови Владата ќе инвестира во реконструкција и санација на централните објекти на 34 здравствени домови, од кои најголем број се постари од 50 години.

Се градат и се реновираат јавните установи ширум Македонија:  Хируршките клиники во Скопје, Институтот за рендгенологија, Ургентниот центар, Клиниката за детски болести, Клиниката за хематологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за инфективни болести, Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за психијатрија, Републичкиот завод за трансфузиологија, Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Институтот за белодробни заболувања – Козле и Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир.

Освен тоа се реновираат  болниците во Тетово, во Струмица, во Велес, во  Прилеп, во Охрид, во  Куманово, во Гевгелија, во Гостивар, во  Кичево, во Кочани, како и Специјалната болница Јасеново – во Велес, Заводот за нефрологија во Струга и Психијатриската болница во Негорци. Во завршна фаза се реконструкциите и на здравствените домови во Скопје (три поликлиники), Крива Паланка и во Прилеп. Во третата фаза покрај довршување на клиниките, предвидена е и целосна реконструкција на Градската болница „8 Септември“ – Скопје (поранешна Воена болница).

Нова болница ќе добијат жителите на  Штип, како и објект наменет за потребите на студентите на  Медицинскиот факултет во Штип.

Планирано е реновирање и на клиничката болница во Битола, како и на општите болници во Кичево, Струга, Гевгелија, Психијатриската болница Демир Хисар, и Здравствен дом Охрид.

Ќе продолжат активностите за подготовка на изградба на нов Клинички центар.

Владата ќе отвори амбуланти во околу 100 населени места и во руралните срединиНа тој начин ќе ги стимулира младите лекари да се вработуваат во руралните средини, а воедно  ќе се зголеми нивото на здравствената превенција  на населението  во Република Македонија, согласно со европските и светските здравствени стандарди.