СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА МРЕЖА НА ЈИЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа работна средба со директорката на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, д-р Мира Јовановски – Дашиќ.

На средбата стана збор за претстојните активности и здравствени предизвици во регионот, со посебен фокус на министерскиот состанок посветен на имунизацијата кој ќе се одржи на 20 февруари 2018 година во Подгорица, Црна Гора.

Воедно, д-р Дашиќ изрази особена благодарност до Владата на Република Македонија, која е земја домаќин на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа.

Во рамки на средбата беше констатирана важноста на регионалната соработка во унапредување на здравствените услуги за секој граѓанин преку унапредување на јавното здравје и здравствените системи.

 

Share This Article :

Related Posts