СРЕДБА СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА БУГАРИЈА

Mинистерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари работна средба со д-р Бојко Пенков, заменик министер за здравство на Република Бугарија.

Работната средба беше по барање на Министерството за здравство за продлабочување и унапредување на соработката со бугарското Министерство за здравство во делот на разменување искуства, знаења, едукации и странски експертизи.  

Министерот за здравство истакна дека многу ја цени поддршката за унапредување на условите и работата во областа на гинекологија и акушерство, неонатологија и  педијатрија. Билатералната соработка меѓу двете земји ќе се развива во делот на посета на лекари и користење на нивната експертиза за обука на кадарот во јавните здравствени установи во Република Македонија. Бенефитите од овие обуки ќе се користат во делот за намалување на новороденечката смртност и зајакнување на капацитетите во македонскиот здравствен систем.

Работната средба продолжи со посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Универзитетската клиника за детски болести, каде беше договорено експерти од Софија да дојдат на посета и да работат со македонските лекари на Клиниката за гинекологија и акушерство, со цел итно намалување на смртноста на новороденчињата. 

Share This Article :

Related Posts