МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Државниот секретар на Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, ја отвори регионалната работилница на тема „Зајакнување на здравствениот информатички систем во делот на собирање податоци за сообраќајни незгоди“.
На оваа работилница присуствувашр и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), како и претставници од МЗ, МВР, Центрите за јавно здравје, како и министерствата за транспорт и врски од Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Израел, Турција, Косово.
Во своето обраќање д-р Милошев нагласи дека според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) – 1,3 милиони луѓе, секоја година го губат животот на светските патишта. На секоја една жртва во сообраќајни несреќи, околу пет други лица страдаат од сериозни повреди со последици по животот.
– Ова е дополнително финансиско оптоварување за системот поради долгогодишна рехабилитација и потреби за здравство. Глобалниот извештај за состојбата на безбедноста на патиштата покажува дека повредите во сообраќајот на патиштата остануваат важен јавен здравствен проблем, особено за земјите со низок и со среден приход. Ова важи за повеќето земји-членки на ЈИЕ здравствената мрежа, истакна државниот секретар д-р Милошев во своето обраќање.
Исто така, тој истакна дека друг предизвик за нашиот регион е намалувањето на смртните случаи во сообраќајот на патиштата како и повредите, за што неопходно е на национално ниво да се процени и таргетира одговорноста во сообраќајот на патиштата, како и мониторирање, евалуација на ефективноста на интервентните мерки.
Оваа работилница е дел од TAIEX инструментот на Европската комсија за унапредување на мултидисциплинарниот пристап на сите институции кои работат во полето на безбедноста во сообраќајот. Токму затоа, оваа работилница е од клучна важност за во иднина да ни овозможи да имаме едиденција и да ги имплементираме политиките кои ќе имаат влијание и директно ќе спасат животи.

Сподели на:

Related Posts