Д-р Ирина Богданова

ТВОЈ ДОКТОР: Д-р Ирина Богданова, специjалист офталмолог, Клиника за очни болести

Велат дека очите се прозорец кон душата, јас, низ процесот на едукација научив дека очите се и прозорец кон здравјето на пациентот. Набљудувајќи го окото како најсензитивен орган на човечкото тело, со сета своја комплексност и убавина за каква пишуваат најголемите поети, офтамологот може да детектира болести како ХИВ, хипертензија, дијабет, рак, хиперлипидемија или авто имуни болести. Мојот татко, кој беше лекар, во процесот на моето образование ме воспитуваше декa медицината е љубов кон човештвото, потребата да се искористи своето знаење за да се помогне некому е љубов чии корени се длабоко во нашите срца. На студентите и младите лекари на кои им го пренесувам своето знаење, се трудам да ги научам да ги користат своите очи за да ги согледаат можностите за решавање на проблемите.Можностите, да го смениш светогледот на пациентите, да му овозможиш некому јасна визија за светот со сите негови бои, контрасти, форми и тонови е најубавиот предизвик во мојата професија. Операривните зафати кои ги изведувам се мојот допринес кон подобруваање на квалитетот на животот на моите пациенти, мотив за секојдневно усовршување на своите вештини и знаења. Oфтамологија, тоа е мојата љубов на прв поглед.

Сподели на: