Д-р Маргарита Пенева

ТВОЈ ДОКТОР: д-р Маргарита Пенева, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија

Да се биде лекар е привилегија. Привилегија е да ти биде дозволено да ѕирнеш во нечиј живот, да ти бидат кажани сопствените тајни, стравувања и желби.
Уште поголема привилегија е кога можеш нешто да промениш на подобро. Но, истовремено тоа е и огромна одговорност и самопредавање.

Работата на лекарот е голем предизвик, но и многу знаење, многу поминато време, длабок личен однос и пред се љубов. За жал, работата на лекарот понекогаш е и само длабока тишина.
И така секој ден, одново и одново, како една целина, за сите нас.

Share This Article :