Д-р Сеад Зејнел

ТВОЈ ДОКТОР – д-р Сеад Зејнел, специјалист-интернист, Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија

Врвни професионалци, во својство на професори, асистенти и ментори, од Медицинскиот Факултет во Скопје ми го овозможија напредокот во медицината, најпрво со стекнување на титулата доктор по медицина, а потоа и завршување на специјализацијата по интерна медицина.
Како специјалист кој доаѓа од терциерното здравство, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, моето гледиште за медицината иако поминува низ призмата на академската средина во која работам, во исто толкава мера е обликуванo и во “рововите” на секојдневната клиничка пракса. Истата работна средина овозожува тимска работа, во која соработката и поддршката од колегите придонесува во континураното изострување на моите клинички вештини.
Имајќи ја можноста да работам во областа на пулмологијата, која во сегашноста претставува една од областите со галопирачки напредок, при практицирањето на медицината базирана на научни докази, се трудам да не ги заборавам исконските одлики на лекарската професија стара повеќе од три илјади години, а тоа се емпатијата и сочувството.
Верувам во модерно здравство, но со човечки лик. Обземен од страв и болка, болниот станува повеќе од самата негова болест. Оттука, вниманието, почитта и грижата за секој пациент како посебно човечко битие сметам дека е безвременски лек.
Ниедно задоволство не е слично како чувството на исполнетост кога се помага на болните, поради што се чувствувам извонредно привилегиран како доктор.

Share This Article :