Д-р Шпреса Хасани

Низ целата таа макотрпна патека, единствената ѕвезда водилка ми била и ми е насмевката за задоволниот пациент. Посветеноста кон она што се стремиш дури од деството е тоа што ни дава истрајност да се соочиш со реалноста и да гледаш само напред се со цел да помогнеш во благодостојбата на сите пациенти.
Љубовта кон мојата професија е изворот што ми дава сила секој ден да донесам парче топлина во срцата на оние кои бараат помош, на оние кои со насолзени очи единствената надеж ја гледаат во белиот мантил.
Благословен е моментот кога сфаќаш дека сите билијарди часови поминати над книги , милијарди денови во амфитеатри, илјадници недели во амбуланти, сали, болнички соби и многу години пожртвувани од младоста ВРЕДАТ за еден миг во која гледаш насмевка на лицето на твојот пациент.
Мојот максимален квалитет и професионален развој е посветен на нашето здравство.

Share This Article :