ТЕСТИРАНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД СТРУМИЦА ПОВРЗАНИ СО ПРВАТА ПАЦИЕНТКА – ТЕСТОВИТЕ НЕГАТИВНИ, ПОПЛАДНЕВО ТЕСТИРАНИ УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА СО ИНДИКАЦИИ И НИВНИТЕ ТЕСТОВИ СЕ НЕГАТИВНИ

Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус се тестирани 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Претпладнево беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на коронавирустот.

Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.
Попладнево на коронавирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.
Во моментов на Клиниката за инфективни болести фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување.

Сподели на:

Related Posts