ТОЛКУВАЊЕ НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

За прв пат во Република Македонија, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост е достапна на знаковен јазик за лицата со оштетен слух. Со овој чекор, се почитува правото на пристап до информации во пристапен формат, назначено во членот 9 – Пристапност и членот 21 – Слобода на изразување и мислење и пристап до информации од истата Конвенција.

Видеото е изработено од страна на Националното координативно тело, во соработка со Викторија Волак – сертифициран знаковен преведувач, а со финансиска поддршка од Фондот за население при Обединети нации (UNFPA). Освен интегрирана верзија на Конвенцијата, изработени се и кратки видеа за секој член посебно, со цел полесен пристап до истите.

Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија претставува  национален механизам за координација на мерките предвидени во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Неговата основна улога е координација на институциите во процесот на спроведувањето на мерките од Конвенцијата на ООН. Во својот делокруг на делување, телото предлага и доставува мислења за законски и подзаконски акти во склад со начелата на Конвенцијата. Со своите активности, Координативното тело директно придонесува за унапредување на сите човекови права и основни слободи на лицата со попреченост.

Сподели на:

Related Posts